Во терминот од 21:05, во рамки на Лига Европа, вечерва се одиграа и последните четири натпревари.
Лацио ремизираше со Динамо Киев на домашен терен со 2:2. Резултатот го отвори Циганков во 52. минута кој им донесе водство на гостите. Но, по само 2 минути Имобиле израмни на 1:1, а водството за Лацио следеше во 62. минута со погодокот на Андерсон. Мораес во 79. минута беше прецизен за Динамо Киев, па така ги постави конечните 2:2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Марсеј славеше против Атлетик Билбао со 3:1. Окампос по само 1 минута донесе водство за Французите, а веќе во 14. минута домашните имаа водство од 2:0, благодарение на погодокот на Паје. Негативата ја намали Адуриз во судиското продолжение во првиот дел. Стрелецот од првата минута, повторно беше голгетер, овојпат во 58. минута, за конечни 3:1.
Зенит загуби на гости кај Лајпциг со 2:1. Брума во 56. минута го отвори резултатот, а Вернер во 77. минута го зголеми водството на 2:0. Конечните 2:1 ги постави Крискито во 86. минута, постигнувајќи почесен погодок за рускиот состав.
Спортинг со 2:0 лесно ја заврши работата против Плзен. Монтеро на два пати ја затресе мрежата на противникот, најпрво во судиското продолжение од првиот дел, а потоа и на самиот старт на второто полувреме, односно во 57. минута од мечот.
https://www.youtube.com/watch?v=14KAKuf8iRA