Дома Фудбал Лига на шампиони Марсело: Ќе „умреме“ на терен за нов трофеј!

Марсело: Ќе „умреме“ на терен за нов трофеј!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Марсело изјави дека неговиот тим е спремен да „умре на терен“ за да го освои повторно трофејот во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал под водство на Зидан не знае за пораз во елитното натпреварување, а во Киев ќе се обиде да стиге до третиот последователен триумф.

„Зидан е еден од најдобрите тренери на светот. Тој е поранешен фудбалер и неговите пораки се многу јасни“, истакна Марсело.

„Притисок постои цела сезона, но ова е Мадрид. Ништо не е поинаку од пред било кој меч во сезоната. Ќе видиме што ќе се случи во финалето, дали ќе не убијат или ќе не издигнат“, заклучи Марсело, кој напомена дека Салах не е единствената закана.

„Салах е фантастичен, но не е единствен. Тука се и Фирмињo и останатите фудбалери. Ливерпул е одличен тим, но ние сме спремни да умреме за да победиме“, јасен беше Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…