Дома Фудбал Марсело шокиран од одлуката на Лопетеги: Ова не го очекував!

Марсело шокиран од одлуката на Лопетеги: Ова не го очекував!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело е изненаден од одлуката на тренерот Хулен Лопетеги да го извади на синоќешното гостување кај Џирона.

Реал славеше со 4:1 против Џирона, а Марсело во 60-та минута од мечот мораше да се пресели на клупата и таа одлука прилично го изненади.

„Не очекував да бидам изваден од игра по само 60 минути. Подготвен сум 100% за цел натпревар. Сепак таква одлука донесе тренерот и јас ја почитувам“, изјави Марсело.

„На одличен пат сме и сигурен сум дека можеме да напредуваме во секој натпревар. Игравме добро и освоивме важни три бода“, додаде Бразилецот.

Тој беше заменет со Варан, а образложение на Лопетеги е дека сакал да ја засили скок играта на страната каде дејствува Марсело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…