Дома Фудбал Лига на шампиони Марсело до новинарите: Љубоморни сте затоа што не знаете да играте фудбал!

Марсело до новинарите: Љубоморни сте затоа што не знаете да играте фудбал!

marcelo

Реал Мадрид многу потешко од очекуваното со 2:1 славеше против Викторија Плзен во третото коло од Лигата на шампионите.

Со победата против Викторија Плзен, Јулиен Лопетеги остана на клупата на Реал барем до неделниот натпревар против Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се е добро, Лопетеги ќе биде на „Камп Ноу“. Прекрасно. Прекрасно затоа што според мене тој работи одлична работа“, порача Бразилецот Марсело, кој беше и стрелец на вториот погодок против чешкиот претставник.

Потоа ѕвездата на Реал и се налути на новинарите.

„Тешко ни е кога нема да победиме, но цело време да се зборува за криза…Со таа приказна се обидувате да ја повредите соблекувалната. Сите новинари сакаат само тоа да го прават, како да сте љубомирни што не знаете да играте фудбал и не играте“, изјави Марсело.

Во последните денови се појави и вест дека Марсело би можел да премине во Јувентус.

„Не сум слушнал дека постои некаква понуда. Не постои поголем фан на Реал од мене“.

https://www.youtube.com/watch?v=aSnyNyepH3o

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…