Интер има големи планови со новиот претседател Стивен Жанг, а прв чекор на најмладиот претседател во историјата (27 години) на „нероаѕурите“ веројатно ќе биде ангажманот на Бепе Марота.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Довчерашниот оперативец на Јувентус го подигна торинскиот гигант на здрави нози и постави темели за доминација на „старата дама“, не само во Италија туку и во Европа.
Тој на крајот на октомври го напушти Јувентус, а според сите информации ќе го превземе Интер. Официјална потврда се уште нема, но неговото пристигнување во Интер засега не се доведува во прашање.
„Кориере дела Сара“ тврди дека Италијанецот е спремен да се откаже од најголемиот дел од компезацијата за да се придружи на Интер пред јануари.
Се наведува дека за Марота парите не се проблем, него му е до предизвикот кој му го нуди Интер.
Останува да се види дали Марота ќе успее да стави крај на империјата во која тој беше еден темелите.