Oваа сезона италијанскиот фудбал како ретко кога има успех во Лигата на шампионите. Имено, Серија А е единствената лига која во најдобрите осум има три претставници и тоа Интер, Милан и Наполи.
Интер во осминафиналето го елиминираше Порто, а директорот на „нероѕурите“, Бепе Марота по медиумите откри и дека размислува на финалето. Имено, Марота посака во финалето кое се игра во Истанбул покрај неговиот Интер, да биде нивниот градски ривал, Милан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Среќни сме што сме помеѓу најдобрите осум и нормално сакаме да го продолжиме својот пат. Градско дерби на Милано во финалето би било сигурно возбудливо. Целиот свет би сакал да го види тоа, навистина не гледам ништо подобро од миланско дерби во битката за трофејот во Истанбул“.
„Би било тоа историски момент за двата тима. Што друга да кажам – Милан се гледаме во финалето“, изјави Марота, па призна дека во овој момент такво сценарио е далеку.
„Сепак, има време за такво нешто, најважно од се е да бидеме здрави и да немаме повреди во натпреварите кои следат“, заврши директорот на италијанскиот тим.
Ждрепката за четвртфиналето во најелитното европско натпреварување е закажана за утре од 12:00 часот.