Масимилиано Мирабели, спортскиот директор на Милан, минатиот месец престојуваше во Германија, каде што гледаше неколку натпревари и одржа неколку состаноци. Медиумите на Апенините конечно октрија поради што тој патувал во Германија. Имено, Милан на лето ќе се обиде да го доведе заборавениот Марко Ројс.
Договорот на Ројс со Дортмунд истекува 2019. година и се уште е неизвесно дали клубот ќе му понуди продолжување на соработката поради проблемите со повредите. Мирабели сака да ја искористи ситуацијата и да го подготви теренот доколку Ројс добие зелено светло за заминување. „Росонерите“ веќе имаат искуство со купувања во Бундеслигата, бидејќи претходното лето го купија Рикардо Родригез и Хакан Чалханоглу. Па сега се надеваат на исто сценарио и со ѕвездата на „Милионерите“ од Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инаку, Пума би можела многу да помогне во остварување на овој трансфер, бидејќи официјален спонзор е и на Милан и на самиот играч. Токму овој произведувач на спортска опрема неодамна потпиша повеќегодишен договор со споменатиот италијански гигант. Наводно, Пума ќе направи се што може за да го убеди Ројс да пристигне на „Сан Сиро“. Освен него, се споменува и Јулијан Вигл, суперталентираниот играч за врска на Дортмунд, иако тој трансфер звучи нереално, бидејќи станува збор за играч за кого интерес покажуваат и Барселона и Манчестер Сити и кој вреди барем 50 милиони евра, колку што Милан сигурно не е во можност да одвои.