Италијански Торино има намера да го донесе Марко Грујиќ и ќе се обиде да го убеди Ливерпул на трансфер.
Српскиот фудбалер беше на мета на бројни клубови, но сега Торино се вклучува во трката и ќе се обиде да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Грујиќ претходните шест месеци беше на позајмица во Кардиф, но се врати во Ливепул, но на Енфилд и натаму нема место за него и најверојатно ќе бара нова позајмица.
Грујиќ секако е фудбалер кој има потенцијал и на кој треба да му се даде шанса, па останува да видеме дали сака токму во Торино да ја помине следната сезона.