Дома Фудбал Германија Марко Грујиќ се врати на теренот

Марко Грујиќ се врати на теренот

Скоро два месеци после повредата на скочниот зглоб Марко Грујиќ се врати на терените.

Побрзо одошто се очекуваше, играчот на Херта влезе во полн тренинг процес, а во четвртокот го одигра првиот натпревар после 22. септември, кога на натпреварот против Борусија Менхенгладбах го повреди зглобот.

Во пријателскиот натпревар помеѓу Херта и второлигашот Ауе, кој заврши без победник 1:1, Грујиќ на теренот помина еден час и покажа дека на него може да се смета после паузата.

Грујиќ, кој е на позајмица од Ливерпул, пред повредата одигра четири натпревари за Херта во Бундеслигата и неговиот тим на тие натпревари забележа три победи и едно реми. После повредата на Србинот клубот од Берлин забележа само уште една победа, со три нерешени и три порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …