Поранешниот репрезентативец Иван Марковски, е новиот тренер на Металург и ќе го води клубот во наредните 2,5 години.
Марковски, покрај Металург, настапуваше и за екипите на Пелистер, Вардар, Метковиќ Јамбо, Загреб, италијанскиот Џенерали Трст, саудискиот Ал Шабаш и Арагон од Шпанија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како тренер тој почна со проектот Работник во Македонија, а потоа успешно го водеше францускиот женски тим Авенуа.
„Иван Марковски од денеска му се придружува на стручниот штаб, како дел од еден долгорочен проект за силен Металург. Веќе од утре седнува на тренерското столче и ќе работи со тимот во наредните 2.5 години. Покрај Марковски, стручниот штаб го засилува и Златко Јанакиевски, кој ќе се грижи за физичката подготовка на тимот. За наредната сезона на Марковски ќе му се придружат уште две познати тренерски имиња“, соопштија од клубот.