Дома Фудбал Маркизио: За сите вас кои излегувате без важна причина – вие сте идиоти!

Маркизио: За сите вас кои излегувате без важна причина – вие сте идиоти!

Италија е најпогодена европска земја од пандемијата на коронавирусот.

На Апенините владее вонредната состојба, сите активности се стопирани, меѓутоа се уште има такви кои се движат по улиците како ништо да не се случува.

Неодговорното однесување на поединците го изнервира поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио кој преку друштвените мрежи испрати остра порака.

„За сите вас кои денес излеговте од дома без важна причина – вие сте идиоти“, напиша Маркизио.

Инаку, во Италија од коронавирусот почина скоро 3000 граѓани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…