Дома Фудбал Маркизио го критикува Јувентус: Не може да платите 50-60 милиони евра за некој кој се борел за опстанок

Маркизио го критикува Јувентус: Не може да платите 50-60 милиони евра за некој кој се борел за опстанок

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио го нападна својот поранешен тим затоа што смета дека преплатил едно од своите засилувања во летниот преоден рок.

Во прашање е Федерико Киеза кој за Јувентус потпиша во последниот ден од преодниот рок. Киеза дојде во Јувентус како позајмен фудбалер за сума од 10 милиони евра, но Јувентус е обврзан да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра, плус бонуси.

Маркизио смета дека таа сума создава притисок на играчот.

„Нема соменевање дека Федерико е голем талент, но тој сега има притисок поради сумата на трансфер поразот. Не може да платите 50-60 милиони евра за некој кој се борел за опстанок со Фиорентина. Ако сумата беше пониска сигурно дека ќе му беше полесно, како и да е очекувам големи работи од него во иднина“, изјави Маркизио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…