Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, пренесува „Марка“.
Во исто време весникот пишува дека за Реал Мадрид ќе биде полесно на лето да го донесе Норвежанецот, отколку Килијан Мбапе од ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе некое време се шпекулира дека 20 годишниот напаѓач ќе ја промени средината ова лето и дека е спремен за нов чекор во кариерата.
Според информациите, Халанд веќе го известил неговиот агент Мино Раиола за неговата желба да се пресели во Реал Мадрид.
Неговата откупна клаузула од 75 милиони евра ќе биде активна дури следното лето, па Борусија за неговата слобода на лето ќе бара 100 милиони евра.