Дома Фудбал Марка тврди: Роналдо не доаѓа во Скопје за Суперкупот!

Марка тврди: Роналдо не доаѓа во Скопје за Суперкупот!

Шпанскиот весник „Марка“, кој секогаш е добро информиран за случувата во „кралскиот“ клуб денес ги шокира љубителите на фудбалот во Мекедонија.

Имено, весникот тврди дека Кристиано Роналдо нема да игра на Суперкупот против Манчестер Јунајтед, кој на 8-ми август ќе се игра во Скопје.

Португалија ќе игра во Купот на Конфедерациите, и доколку стигне до финалето последниот натпревар на Кристиано Роналдо ќе биде на 2 јули.

„Марка“ тврди дека Зинедин Зидан на Португалецот ќе му даде 30 дена одмор, со што на почетокот на август практично би се вратил на тренинзите на тимот.

Прогнозите велат дека прв натпревар на Роналдо во новата сезона ќе биде Суперкупот на Шпанија против Барселона на 12 август на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…