Дома Фудбал Останато „Марка“: Реал Мадрид има три опции за наследник на Анчелоти

„Марка“: Реал Мадрид има три опции за наследник на Анчелоти

Шпанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти би може да добие отказ од Реал Мадрид ако не го освои Светското клупско првенство во Марока.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид во утрешниот натпревар ќе игра против Ал Хилал и најавите се дека само со победа во овој дуел Анчелоти и понатаму ќе остане тренер на „кралевите“.

Реал во последнит пет недели дозволи Барселона да му побегне на големи осум бодови на врвот во Ла Лига. Во овој период Реал победи само на две од пет првенствени натпревари.

Шпанците тврдат дека нарушен е односот помеѓу Реал и Анчелоти по убедливиот пораз од Барселона во Суперкупот.

„Марка“ ги наведува и трите кандидати кои би можеле да го наследат Италијанецот. Во прв план се Раул, Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа. Најголем фаворит е Раул кој има одлична сезона со вториот тим на „кралевите“, со јуниортите ја освои и Лигата на шампионите во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кога Роналдо ќе се повлече од репрезентацијата? Крајот може да биде веќе во Лигата на Наци…

Кристијано Роналдо, според најновите информации, наскоро би можел официјално да ја заврши …