Мадридскиот весник „Марка“ кој е близок до Реал Мадрид на својата насловна страна најави сензаионален трансфер на Кристиано Роналдо во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.
Изминатите денови се појавија шпекулации дека Јувентус е заинтересиран за Роналдо, а сега пристигнуваат потврди од сите страни дека „старата дама“ веќе започнала преговори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Марка“ денес излезе со наслов „Јувентус е сериозен во врска со Роналдо“ и откри детали целата операција.
Имено, „бјанконерите“ се во преговори со неговиот агент Жорге Мендеш и на Роналдо му понудиле четиригодишен договор вреден 120 милиони евра, односно 30 милиони по сезона.
Португалецот моментално во Мадрид заработува 21 милион евра по сезона, а шпанските медиуми пренесуваат дека одбил договор вреден 26.7 милиони евра по сезона кој му бил понуден од страна на „кралевите“.
„Марка“ во денешното издание тврди дека Реал Мадрид е спремен да преговара со италијанскиот клуб и дека трансферот би можел да биде договорен за сума од 120 милиони евра.