Дома Топ вести „Марка“: Во наредните денови Реал ќе го официјализира Азар!

„Марка“: Во наредните денови Реал ќе го официјализира Азар!

Белгискиот репрезентативец Еден Азар готово сигурно на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи откако одби да го продолжи договорот со клубот од „Стенфорд Бриџ“.

Веќе е познато дека најсилен интерес за неговиот потпис покажува Реал Мадрид, а и самиот Азар не крие дека негов сон е да го облече „кралскиот“ дрес.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Очигледно неговиот сон ќе се оствари набрзо, бидејќи угледната „Марка“ тврди дека преговорите се во напредна фаза и дека наскоро се очекува официјализација на трансферот.

Весникот открива дека Зинедин Зидан лично имал телефонски разговор со Азар и го убедил дека доаѓањето на „Сантиаго Бернабеу“ е најдобар потег за него.

Исто така проблем не би требало да биде ниту договорот со Челзи, бидејќи Реал е спремен да ги задоволи апетитите на „сините“ и да плати 120 милиони евра. „Марка“ тврди дека недостасуваат само мали детали и дека трансферот ќе биде официјализиран во наредните неколку дена.

Азар пред неколку дека изјави дека од мали нозе Зидан бил негов идол и дека ја цени неговата работа и како тренер.

„Не сум играч на Реал Мадрид. Среќен сум што Зидан се врати во клубот бидејќи исклучително го ценам. Тоа е добро и за Реал и за навивачите на тој клуб“, изјави Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…