Дома Топ вести „Марка“: На Меси му е доста!

„Марка“: На Меси му е доста!

Барселона оваа недела ја тресе криза поради влегувањето во конфликт на спортскиот директор Ерик Абидал и првата ѕвезда на тимот Лионел Меси.

Абидал во интервју за „Спорт“ порача дека играчите носат одговорност за отказот на тренерот Ернесто Валверде, на тоа Аргентинецот одговори преку објава на Инстаграм. Накратко Меси порача дека луѓето во клубот треба да се грижат за работата за која се поставени таму. Вчера беше одржан состанок помеѓу Бартомеу и Абидал, засега и покрај конфликтот со Меси ја има поддршката на Бартомеу.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Меѓутоа „Марка“ пишува дека на Меси полека му станува доста. Аргентинецот често пати е посочуван како „главен“ во Барселона. Се пишуваше дека тој има голема улога во смената на тренерите и дека ниту една одлука за заминување или доведување на некој играч не може да помине без негова согласност. Но, клубот води лоша спортска политика која започнува да влијае на резултатите.

„Не само што Меси не го смени Валверде, туку му беше најголема поддршка до самиот крај, за разлика од останатите играчи. Од таа причина Меси инсистираше Абидал да каже на кои играчи точно мисли кога кажа дека фудбалерите го смениле“, пишува „Марка“ и додава:

„На почетокот на сезоната изјави дека сака да ја заврши кариерата во Барселона, но го промени мислењето. На Меси му е доста од вакви ситуации во клубот, најмногу го мачи спортската политика. Тој соопшти дека сака здрав спортски проект, но него го нема. Клубот немаше никаков одговор на повредите на Луис Суарез и Осман Дембеле. Некој очигледно не си ја работи својата работа. Оваа зима заминаа четири играчи, а никој не беше доведен. Во текот на летото се преговараше за Нејмар, но клубот и таа работа не ја заврши. Меси ретко покажува чувства, но луѓето во клубот кажуваат дека неговиот израз на лицето доволно зборува“, стои во анализата на „Марка“ на ситуацијата со Меси и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…