Дома Останати Тенис „Марка“ има цврсти аргументи: Дали Ноле е најдобриот на сите времиња?

„Марка“ има цврсти аргументи: Дали Ноле е најдобриот на сите времиња?

djokovic

Изненадувачки, земјата која го има Рафаел Надал изнесува сосема солидни аргументи на прашањето: Дали Новак Ѓоќоковиќ е најдобриот играч на сите времиња?

Нормално е во соседството, па и кај нас да се величи успехот на Новак Ѓоковиќ, но воопшто не е честа појава такво нешто да се случува во останатите земји и тоа не било каде во земјата која на светот му го подари Рафаел Надал – Шпанија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денешното издание на „Марка“ излезе со текст под наслов: Што ако Ѓоќоковиќ е најдобар на сите времиња?

„Ајде надалисти и федереристи, нападнете ме“…Започнува текстот на новинарот Томас Кампос, но и додава: „Податоците сугерираат на тоа дека Србинот во најмала рака има право да се бори за такво признание“.

Потоа следува анализа…

Долго време Ѓоковиќ беше во сенка на Рафа и Роџер. Можеби затоа што задоцни малку. Новак првиот Грен слем го освои на Австралија Опен во 2008 година. И му требаше време се до 2011 година повторно да освои Грен Слем. Исто така тоа беше во Австралија. До тогаш Федерер имаше 16, а Надал девет. Логично дека во тие моменти никој не очекуваше трет гостин во ова ривалство.

Кој тогаш, во 2011 година можеше да помисли дека Новак Ѓоковиќ ќе го стигне Пит Сампрас по бројот на освоени Грен слемови, се прашува „Марка“.

Во прилог на Ѓоковиќ оди што од тој момент до денес Србинот во целост го промени меѓусебниот однос во дуелите со најголемите ривали. Се до 2011 година, Рафа водеше со 16:7, сега е 27:25 за Ѓоковиќ. Иста е ситуацијата и со Федерер, Швајцарецот водеше со 13:6, но денес Новак има предност 24:22.
Ѓоковиќ има подобар меѓусебн скор во однос на Федерер и Надал! Тоа се силни аргументи, но не е се.

Ѓоковиќ е единствениот тенисер во историјата на „Опен ерата“ кој ги врзал сите четири освоени Грен слемови. Се заврши со освојувањето на Ролан Гарос во 2016 година, а започна со Вимболдон во 2015 година.

Србинот стана единствениот тенисер во историјата кои ги освоил сите турнири во Мастер серијата. Значи, сите девет. Тоа го комплетираше со освојувањето на Синсисанти. Има вкупно два помалку од Надал (31:33), но Надал никогаш не победил во Мајами и Париз. Федерер има 27 Мастерси и никогаш не триумфирал во Монте Карло и Рим.

Ѓоковиќ прв на АТП листата беше 223 недели. Тоа е петти најдобар резултат, најдобар е Федерер 310. Рафа е шести со 189. Со тоа што Новак има добра шанса да биде прв до крајот на сезоната. Надал брани 1280 до крајот, Федерер 1189, Дел Потро 1145, Ѓоковиќ ништо. Надал е повреден.

На крајот се истакнува можеби и најдобриот податок кој оди во прилог на Новак – годините!

Федерер иам 37 години, Рафа 31, а Ѓоковиќ 31. Овие податоци говорат дека Ѓоковиќ има најмногу простор да освојува нови големи турнири. Се опорави од повредата игра одлично, освои два Грен слемови во низа. Надал има големи проблеми со повредите, Федерер полека, но сигурно го стигнуваат годините. Пред освојувањето на споменатите два Грен слемови, Новак имаше слаби резултати, многумина тоа го поврзуваа со начинот на исхрана кој го практивкува Србинот. Сепак, истражувањата покажале дека спротистите кои го применувале таквиот начин биле најиздржливи и најдолготрајни.

Значи, се е на страната на Новак!

djokovic

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…