Според она што го видовме во првиот натпревар на Копа Америка на Аргентина против Колумбија во селекцијата на „Гаучосите“ работите не се промениле премногу од минатата година и Светското првенство.
Аргентина на стартот на Копа Америка доживеа пораз од Колумбија со 2:0 и многумина сметаат дека ова ќе биде уште една неуспешна епизода на Меси и соиграчите од репрезентацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Критики на сметка на Аргентина јавно истакна и Диего Арамндо Марадона.
„Кога гледам како играа оваа Аргентина имам чуство дека би изгубиле и од Того. Не можам да си поверувам како се борат за дресот на Аргентина. Мојата генерација знаеше и да го искрши автобусот после пораз, а денес – никакви емоции. Тој дрес не ви го оставила вашата мајка“, жесток беше Марадона.
Аргентина ја очекуваат натпревари уште против Парагвај и Катар во групната фаза и би било навистина огромна катастрофа доколку оваа селекција не ја помине групната фаза.