Дома Фудбал Останато Манџукиќ се врати во хрватската репрезентација

Манџукиќ се врати во хрватската репрезентација

Марио Манџукиќ по крајот на својата фудбалска кариера најде нова работа, овојпат како дел од стручниот тим на хрватскиот селектор Златко Далиќ.

Легендарниот напаѓач пред неколку месеци реши да и стави крај на играчката кариера и сега ќе го „печи“ тренерскиот занает.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


35-годишниот Манџукиќ во својата кариера играше за Динамо Загреб, Атлетико Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен, а со Хрватска стигна до среброто на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Сега, во улога на помошник на Далиќ ќе патува со своите досегашни соиграчи на Мундијалот во Катар во 2022.

„Му се заблагодарувам на селекторот Далиќ, но и на претседателот Кустиќ на довербата, навистина се договоривме на еден лесен начин околу соработката за која се радувам посебно, знам колку ми значи оваа репрезентација, посакувам сета страст, знаење, но и искуство целосно да го пренесам на новата генерација“ изјави Манџукиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…