Дома Фудбал Италија Манчини откри: Буфон се уште ќе игра, вратите од репрезентацијата се отворени!

Манчини откри: Буфон се уште ќе игра, вратите од репрезентацијата се отворени!

Роберто Манчини денес ја имаше првата пресконференција како селектор на Италија, пред престојните пријателски дуели.

Италија за прв пат после многу години го нема Буфон во репрезентацијата, но Манчини откри дека легендарниот голман нема да се пензионира и дека во иднина повторно може да се приклучи во репрезентацијата.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Имав телефонски разговор со него и тој ми објасни која е неговата намера. Тој сака да продолжи да игра, а оној којшто игра и го прави тоа на највисоко ниво, може да добие повик од репрезентацијата“, откри Манчини.

Медиумите тврдат дека Буфон има понуда од Пари Сент Жермен и дека готово сигурно кариерата ќе ја продолжи во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …