Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја постави цената за Погба и го шокира Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед ја постави цената за Погба и го шокира Реал Мадрид

Повторно започнаа шпекулации за иднината на Пол Погба, а англиските медиуми тврдат дека постојат шанси Французинот да го напушти „Камп Ноу“ ова лето.

Погба и самиот ги подгреа шпекулациите со изјава дека сонува еден ден да заигра за Реал Мадрид, а познато е дека Зидан и во минатото покажува интерес за неговиот потпис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега Зидан после неговото враќање во Реал ќе има одврзани раце кога се трансферите во прашање, па повторно ќе се обиде да го донесе Погба на „Сантиаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми тврдат дека главни мети на францускиот тренер ќе бидат Азар, кој е блиску до трансфер во Мадрид, и Пол Погба.

Мино Раиола исто така притиска да го пресели својот клиент во Мадрид, а ставот на Манчестер Јунајтед е јасен – нема преговори, тие бараат сума од 200 милиони евра за неговата слобода.

„Црвените ѓаволи“ бараат скоро двојно повеќе од колку што го платија и немаат нарема да попуштат. Доколку не пристигне понуда од 200 милиони Погба останува на „Олд Трафорд“.

Јасно е дека Реал не е спремен да плати толкава сума за Погба, особено поради фактот што Французинот има и голема плата, па трансферот е тежок за реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…