Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед со голема понуда до својот играч: Редно време е да се врати дома!

Манчестер Јунајтед со голема понуда до својот играч: Редно време е да се врати дома!

Според информациите, кои ги има шпански „Ел Кореро“, Јунајтед има голема понуда за својот играч за врска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Андер Ерера на „Олд Трафорд“ стигна уште во 2014. година од редовите на Атлетик Билбао за околу 35 милиони евра.

Со клубот од „Олд Трафорд“ има уште една година соработка, па често се шпекулира за неговото заминување.

Се најде на радарот на Атлетико Мадрид и Милан, но изгледа дека по четири години Ерера ќе се врати во својот роден град.

Имено, Атлетик Билбао испрати голема понуда на адреса на „Ѓаволите“ за неговите услуги, сакаат по секоја цена да го вратат, а со својата понуда решија да ја одбијат конкуренцијата.

Јунајтед така би можел да прифати да го продаде ова лето. Мурињо секако планира да го реконструира играч за врска, а управата на клубот од Баскија е јасна дека со играчот нема да преговараат додека не добијат одобрување од тимот од Манчестер.

Кога „Ѓаволите“ ќе прифатат, Ерера ќе стане апсолутен приоритет на „Сан Мамес“, па се чини дека неговото враќање во родното место е повеќе од реално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул потврди за Конате, тој се обрати со порака

Од Ливерпул ја потврдија веста дека Ибраима Конате го напушта клубот како слободен агент. …