Дома Фудбал Останато Манчестер Јунајтед пукна „петарда“ во Австрија (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед пукна „петарда“ во Австрија (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед во последно време игра во прилично добра форма, а денес таа форма ја потврдија со победата од 0:5 против ЛАСК.

Во првиот натпревар од осминафиналето Манчестер Јунајтед го декласираше ЛАСК и така практично веќе си го обезбеди четвртфиналето.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ играат во навистина добра форма и скоро два месеци не знаат за пораз.

До водство Јунајтед стигна во 28. минута. Од врвот на казнетиот простор Игало постигна одличен гол после асистенцијата од Бруно Фернандеш. Вториот гол Јунајтед го постигна во 58. минута после една брза контра Џејмс ја затресе мрежа.

На 0:3 зголеми Хуан Мата во 82. минута. Искусниот Шпанец рутински реализираше после асистенцијата од Фред. Уште два гола избаниците на Солскјер постигнаа во судиското продолжение. Прво Гринвуд се погрижи за „покер“, а „петардата“ пукна со голот на Переира.

Во останатите натпревари Базел го победи Франкфурт со 0:3 и Башекешир дома беше подобар од Копенхаген со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека …