Дома Фудбал Лига на шампиони Манчестер Јунајтед – ПСЖ: „Ѓаволите“ им спремаат стапица на „светците“

Манчестер Јунајтед – ПСЖ: „Ѓаволите“ им спремаат стапица на „светците“

Манчестер Јунајтед е домаќин на ПСЖ во првиот 1/16 финален натпревар во фудбалската Лига на Шампиони. ПСЖ до пред некој ден беше фаворит, но откако стана јасно дека ќе настапи без Кавани и Нејмар, се сменија улогите. Сега Јунајтед има поголема предност и голема веројатност дека ќе ја искористи во своја полза.

ПСЖ нема да биде ист без Кавани и Нејмар

Манчестер Јунајтед практично ќе нападне со цела сила. Менаџерот Оле Гунар Солскјер нема никакви грижи со суспендирани или повредени фудбалери и ќе смета на целиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ од друга страна има големи проблеми. Најдобрите напаѓачи се повредени – Единсон Кавани и Нејмар. Рабиот најверојатно ќе го пропушти натпреварот како резултат на неговата одлука да не го продолжи договорот со ПСЖ. Томас Муниер, исто така ќе го пропушти натпреварот, што значи дека гостите се без четворица играчи кои би почнале кога би биле на располагање.

И додека Тухел лесно ќе најде замени за Рабиот и Муниер, ќе биде интересно да се види како ќе функционира ПСЖ без Кавани и Нејмар.

Кавани и Нејмар

Јунајтед со повеќе предности на овој меч

Манчестер Јунајтед има добри шанси да обезбеди добар резултат на овој прв меч против ПСЖ. Тие се во одлична форма, сигурни, во одлична атмосфера и без повредени и суспендирани фудбалери, а и играат дома. И доколку тоа е малку, во однос на причините да одиграте за нивна победа, тогаш што повеќе ви треба ? Тие се свени дека ова е шанса која не смеат да ја пропуштат. Ќе играат во момент кога ПСЖ има еден куп проблеми, а јасно им е дека во Париз ќе биде навистина тешко. Солскер дури најави дека се размислува во насока да слават со два гола предност. Можеби тоа звучи преоптимистички, но како игра Јунајтед во последно време не би требало да бидеме изненадени од никаков резултат на овој натпревар.

Пол Погба е особено импресивен и е во одлична форма. Тој постигна осум гола во неговите последни девет настапи, без разлика што Барнли и Фулам се далеку од класата на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн прави пресврт за три минути🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид играат фантастичен натпревар на „Алијац Арена“. Реал имаше …