„Црвените ѓаволи“ донеле конечна одлука да го продадат Пол Погба на крајот на сезона, тврдат медиумите на Островот.
Манчестер Јунајтед веќе ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на Погба за додатни 12 месеци, па сега неговиот договор истекува во јуни 2022 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Погба и оваа сезона игра под сите очекувања и не може да се наметне како лидер на тимот, па раководството смета дека е вистинско време за негова продажба.
На лето Погба ќе влезе во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ се спремни да го пуштат за сума од 60 милиони фунти.
Експертот за трансфери на Островот, Алекс Крукс тврди дека раководството веќе донело конечна одлука.
„Како што сум имформиран Јунајтед сака да го продаде Погба следното лето. Поради тоа му ја активираа клаузулата за продолжување на договорот до 2022 година, за да не замине како слободен агент. Мислам дека клубот виде дека не може да ги користи Фернандеш и Погба во ист тим, па ќе го продаде Французинот“, изјави Крукс.