Англиските гиганти покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Милан, Факијо Тимори, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Томори пред две години пристигна во Милан од Челзи за 30 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А.
Манчестер Јунајтед и Тотенхем се во потрага по квалитетен стопер и на врвот на листата желби е токму Томори.
Двата клуба се спремни да платат 55 милиони евра за неговиот потпис, но Милан е спремен да ја одбие секоја понуда која ќе пристигне на нивна адреса.
Томори неодамна го продолжи договорот со „росонерите“ и клубот нема намера да го продаде.