Неодамна се појави веста дека еден од кандидатите за нов тренер на Манчестер Јунајтед е тренерот од Северна Ирска, Киеран Мекен.
Стратегот на Ипсвич направи голем подвиг со „тракторите“ кои по повеќе од две децении ги врати во Премиер лигата и со тоа го привлече вниманието на Јунајтед каде своевремено работешe како помошник и како тренер во младинските категории. Но, според последните информации „црвените ѓаволи“ добиле сериозна конкуренција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е заинтересиран за Мекен, како и Брајтон, кои будно ја следат ситуацијата со 38-годишниот стратег.
Се погласни се шпекулациите дека Челзи е подготвен да го замени Маурисио Покетино кој со тимот се пласираше во Конференциската лига, а во клубот сметаат дека тоа не е доволно добро.
Од друга страна, Роберто де Зерби веќе го напушти Брајтон, па така тие се веќе во потрага по нов тренер. Раководството на Брајтон сака млади и преспективни тренери, а нема дилеми дека Мекен е токму таков, па тој сериозно влегол во нивните опции.
Останува да видиме како ќе се развива ситуацијата, а засега не се исклучува можноста Мекен и да остане во Ипсвич за да го води овој тим и во Премиер лигата.