Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед во следните 15 години без грижи, Мурињо посветен на клубот на долг рок

Манчестер Јунајтед во следните 15 години без грижи, Мурињо посветен на клубот на долг рок

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира да остане во англискиот великан уште 15 години и да остави траг како што тоа го направи легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Португалецот изминатото лето пристигна на „Олд Трафорд“ и веќе во првата сезона освои три трофеи – Лига Европа, Лига Купот и Комјунити Шилд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Подготвен сум за таков потфат, да бидам уште 15 години во Манчестер, сакам да останам толку, зошто да не?“, истакна 54-годишниот Мурињо за ЕСПН.

Мурињо дојде во Манчестер како наследник на несупешните Дејвид Мојес и Луј Ван Гал кои пристигнаа во клубот по 27-годишната ера на Фергусон.

„Кариерата на Фергусон е единствена. Мислам дека никој не може да ја достигне и да предводи ист клуб толку години, па дури ниту да биде во истата лига, Последен со идентична приказна е Арсен Венгер, но тоа во модерниот фудбал повеќе го нема. Ако имаш успех остануваш, во спротивно заминуваш“, истакна Мурињо.

Каде и да работел, досега Мурињо освојувал титули и бележел успеси, така беше во Порто, Челси, Интер, Реал, а во првата сезона на „Олд Трафорд“ го наговестува истиот епилог.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…