Дома Фудбал Манчестер Јунајтед веќе ја донесе важната одлука

Манчестер Јунајтед веќе ја донесе важната одлука

Одборот на директори на Манчестер Јунајтед донесе одлука дека е неопходно да биде извршена промена на тренерското столче.

Според англиските медиуми директорите едногласно ја донесе таа одлука после болните порази од Ливерпул и Манчестер Сити и веќе работат на идентификација на новиот тренер.

Меѓутоа, оваа одлука не ја исклучува можноста Оле Гунер Солскјер да остане на кормилото до крајот на сезоната, доколку никој од потенцијалните заменици не може да ја почне работата порано.

Главен кандидат останува Брендон Роџерс, кој има договор со Лестер до 2023 година и многу ќе биде полесно за „црвените ѓаволи“ тој да пристигне на крајот на сезоната.

Како алтернатива се споменува и тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, како и актуелниот шпански селектор Луис Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…