Дома Фудбал Англија Манчестер Сити ја има најдобрата одбрана во Европа!

Манчестер Сити ја има најдобрата одбрана во Европа!

Актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити ја има најдобрата одбрана во Европа. Тимот на Гвардиола до сега прими само 3 гола, што е најмалку во Топ 5 првенствата во Европа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


После 10 одиграни кола во европските првенства, Сити има примено само 3 гола, а најголема конкуренција му се Ливерпул со 4 примени гола и Атлетико Мадрид со 5.

Бразилскиот голман Едерсон е во серија од цели 600 минути без примен гол во Премиер лигата. Не прими гол на седум натпревари во првенството што го прави во моментов фаворит пред Алисон за „Златната ракавица“во Премиер лигата.

Од сите првенства во Европа само грчки ПАОК, кипарски АЕК Лимасол и гибралтарскиот Линколн имаат помалку примени голови од Сити, односно два гола, но сите имаат одиграно помалку натпревари (6,7 и 8)

Најдобрите одбрани се – во Шпанија Атлетико (5), Италија Интер (6), Франција ПСЖ (6) и Германија Лајпциг (9).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …