Дома Фудбал Лига на шампиони Манчестер Сити синоќа постави неславен рекорд

Манчестер Сити синоќа постави неславен рекорд

Екипата на Манчестер Сити минатата сезона собори многу рекорди како што се најмногу освоени бодови во лигата, најголема разлика во однос на вториот тим, најголем број постигнати погодоци во една сезона и други. И синоќа тимот на Гвардиола продолжи со рушење на рекорди, овој пат негативен.

Со поразот од Лион на својот стадион, екипата на Сити стана прва англиска екипа која врзала четири порази по ред во најелитното европско фудбалско натпреварување.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Таа неславна серија датира уште од 7. март и реванш дуелот од осминафиналето против Базел во кој Граѓаните беа поразени со 2:1, но во првиот натпревар славеа со 4:0, па овој пораз во тој момент не беше проблем.

Следеше двомечот со Ливерпул во четвртфиналето во кое избраниците на Гвардила запишаа два порази, па синоќешниот пораз од Лион дојде како шлаг на тортата на таа неславна серија.

Интересно е што три од тие четири порази Сити ги доживеа на својот Етихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…