Дома Фудбал Англија Манчестер Сити против Ливерпул – два различни модели, само три бода разлика!

Манчестер Сити против Ливерпул – два различни модели, само три бода разлика!

Ривалитетот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул е сликата на Премиер лигата во последните две години.

Секој кој што ја следи Премиер лигата има чувство дека во последните две години машинаеријата на Јирген Клоп му е достоен ривал на супер-тимот предводен од Пеп Гвардиола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, инетресно е да се види каков е билансот на двата тима во целиот период од 4-5 години, откако на кормилото на „Енфилд“ седна Јирген Клоп.

Можеби е изненадување за многумина, но разликата на двата тима во однос на резултатите во Премиер лигата за споменатиот период е само три бода во полза на „граѓаните“, односно 172 меча.

Оваа разлика е не е пропорционална кога се во прашање потрошените пари за трансфери на двата клуба. Постигнувањето на Ливерпул е исклучително со оглед на фактот дека за изградба на тимот има расходи од 107,7 милиони фунти. (парите од продажбата на играчи се пресметуваат како приходи).

Во исто време Манчестер Сити имал расходи од вкупно 600 милиони фунти, тоа најмногу се должи на фактот што „граѓаните“ не инкасираа големи суми од продажба на играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…