Дома Топ вести Манчестер Сити забележа шанса и тргнува по – Килијан Мбапе!?

Манчестер Сити забележа шанса и тргнува по – Килијан Мбапе!?

Ваков трансфер би можел да биде причина за „домино ефект“ ширум Европа.

Манчестер Сити ја сака Лигата на шампионите и тоа беше јасно уште во моментот кога го ангажираа Пеп Гвардиола пред две години.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Минатата сезона убелдиво ја освоија Премиер лигата, но во Лигата на шампионите настапот го завршија во четвртфиналето кога беа елиминирани од Ливерпул.

Островоските медиуми денес лансираа вест дека Пеп ќе тргне по „коцката“ која му недостасува во мозаикот, а тоа е – Килијан Мбапе!

Во најдобариот млад фудбалер на светот, фудбалскиот светот гледа иден освојувач на Златната топка и момче кое долги години ќе доминира во европскиот и светскиот фудбал.

„Дејли Мејл“ пренесува дека тимот од Манчестер е спремен да го собори светскиот рекорд и да плати 200 милиони фунти (околу 225 милиони евра) за да го доведе Мбапе. Покрај тоа се додава и дека му спремаат договор според кој ќе заработува 20 милиони фунти годишно!

Каде ја гледа Сити шансата?

Финансискиот фер плеј! Прелистувањето на документите на ПСЖ веќе еднаш беше завршено, но УЕФА неодамна најави дека „светците“ повторно ќе бидат под лупа, па Гвардиола би сакал да го искористи евентуалнио проблем.

Се верува и дека Сити во тој случај би го жртвувал Рахим Стерлинг со кого никако не успеваат да пронајдат заеднички јазик за продолжување на соработката, неговиот договор истекува во 2020 година.

Ваков голем трансфер сепак не е реално да го очекуваме во јанаури. Најмногу поради тоа што Мбапе не би можел да му помогне на Гвардиола во Лигата на шампионите (затоа што е веќе регистриран за еден клуб), но модерниот фудбал веќе многу пати ни покажа дека денес ништо не е невозможно.

https://www.youtube.com/watch?v=avJ6ZzulZdg&t=2s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо даде предвидување за разврската во Премиер лигата 🎥

Кристиано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата…