Дома Фудбал Англија Манчестер Сити доби сериозна казна, но Гвардиола и Агуеро се спасија

Манчестер Сити доби сериозна казна, но Гвардиола и Агуеро се спасија

Манчестер Сити доби казна од 50 илјади фунти, откако дисциплинската комисија на ФА одлучи дека однесувањето на „граѓаните“ за време на средбата со Виган од ФА Купот на Англија е неприфатливо.

Играчите на Пеп Гвардиола го опколија судијата и бурно протестираа на црвениот картон на Фабијан Делф по стартот над Макс Пауер.

Менаџерот Пеп Гвардиола и Серхио Агуеро, пак, беа ослободени од одговорност и избегнаа казни, откако раководните фактори решија дека нема податоци кои покажуваат за повреда на правилата, а аргентинскиот голгетер докажа дека бил предизвикан при конфронтацијата со фан на домаќините од Виган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кристијано Роналдо пред суспензија поради конфликт со селекторот

Кристијано Роналдо се соочува со суспензија од португалската репрезентација поради конфлик…