Дома Фудбал Англија Манчестер Сити го потпиша четвртиот најголем спонзорски договор во историјата на фудбалот!

Манчестер Сити го потпиша четвртиот најголем спонзорски договор во историјата на фудбалот!

Maнчестер Сити полека станува елита во секоја смисла. Клубот од гоина во година се повеќе напредува и не само на теренот.

„Граѓаните“ сериозно се доближуваат до веќе изградените европски гиганти и на полето на маркетингот. Денес овој клуб објави дека потпишале договор со произведувачот на спортската опрема „Пума“ вреден 650 милиони фунти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за еден од најголемите комерцијални договори во историјата на фудбалот, односно втор најголем во Англија.

Ова партнерство е најавено уште во 2017 година, но дури денес е официјализирано и сега „граѓаните“ од „Пума“ ќе инкасираат 65 милиони фунти годишно во наредните 10 години.

Поголем договор со некој произведител на спортска опрема во Англија има само Манчестер Јунајтед на кого „Адидас“ на десетгодишно ниво му исплаќа 750 милиони фунти или 75 милиони по година (2015-2025).

Кога е остатокот од светот во прашање пред Сити се само Реал Мадрид (980 милиони евра за 10 години) и Барселона која за периодот од 2018 до 2028 година ќе инкасира милијарда фунти!

Досега Манчестер Сити имаше договор со „Најк“ од кој добиваше 25 милиони евра годишно.

Првата задача на „Пума“ сега ќе биде да придобие и некои од играчите на Манчестер Сити. Први мети се Лерој Сане и Кевин Де Брујн. Компани, Агуеро и Давид Силва веќе се амбасадори на овој бренд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …