Францускиот напаѓач Ентони Марсијал би можел во зимскиот преоден рок да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во Серија А.
Марсијал е во Јунајтед веќе шест години, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата и во моментов е во втор план кај Солскјер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јунајтед е спремен да го пушти Марсијал на позајмица во јануари, а таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус.
Алегри сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот и во Французинот гледа идеално засилување.
„Старата дама“ наскоро ќе испрати понуда за позајмица со право на откуп.