Дома Фудбал Англија Мане со денешниот погодок сруши рекорд стар седум години

Мане со денешниот погодок сруши рекорд стар седум години

Садио Мане денеска повторно беше стрелец во победата на Ливерпул во гости кај Фулам.

Мане ја продолжи својата одлична форма и го постигна својот 17. погодок оваа сезона во ПЛ и со тоа стана првиот Сенегалец во историјата на ПЛ на кој тоа му успеало.

Напаѓачот на Ливерпул сега за еден гол го помина рекордот кој го држеше Демба Ба, кој во дресот на Њукасл во сезона 2011/12 постигна 16 погодоци.

Играчот на тимот од Енфилд исто така се изедначи со Хари Кејн, Обамејанг и својот соиграч Мо Салах на второто место на листата на стрелци во ПЛ.

Сите четири играчи имаат по 17 погодоци, додека на првата позиција е играчот на Сити, Агуеро со 18 постигнати погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Moдриќ донесе конечна одлука за својата иднина во дресот на Хрватска

Ветеранот на средината на теренот, Лука Модриќ, продолжува да ја претставува Хрватска и ќе…