Дома Фудбал Англија Мане е среќен во Ливерпул и не го интересира интересот на Реал

Мане е среќен во Ливерпул и не го интересира интересот на Реал

Садио Мане изјави дека се чувствува среќен во Ливерпул и не го интересираат шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.

Сенегалецот одигра уште една фантастична сезона и беше најдобар стрелец во Премиер лигата со ист број на голови како Салах и Обамејанг,


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Мане е на трансфер листата на „кралскиот“ клуб и дека Зидан ќе се обиде да го донесе ова лето на „Сантиаго Бернабеу“.

Меѓутоа, Мане категорично потврди дека не размислува за трансфер и е насочен само кон финалето од Лигата на шампиони.

„За мене најважното нешто е Ливерпул и јас сум среќен тука. Во моментов се спремам за еден од најважните натпревари и сум сконцентриран само на финалето од ЛШ“.

„Јасно ми е дека шпекулациите се дел од фудбалот, но јас знам да реагирам адекватно на нив. Огромно е задоволството да прочиташ дека те сака Реал Мадрид, но јас сум среќен во Ливерпул и не ме интересира ништо друго“, истакна Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…