Дома Фудбал Англија Мане ги шокира навивачите на Ливерпул: Сакам да ја освојам титулата на теренот, не вака!

Мане ги шокира навивачите на Ливерпул: Сакам да ја освојам титулата на теренот, не вака!

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул изненадувачки не би имал ништо против и сезоната во Премиер лигата да се поништи, иако неговиот тим е убедливо прв.

Клубот од „Енфилд“ има дури 25 бода предност во однос на Манчестер Сити и на пет е да ја освои титулата на која чека 30 години. Токму поради чекањето на Ливерпул од три децении изненадувачка е изјавата на сенегалскиот фудбалер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ја сакам својата работа и сакам да победам на теренот. Сакам да дојдам до трофејот со победи на теренот, не вака. Ќе разберам ако не ја добиеме титулата“, изјави Мане.

Мане дополнително појасни дека фудбалот не е најважна работа во време кога светот се бори со коронавирусот.

„Морате да сфатите дека мојот сон е да ја освоиме Премиер лигата, но многу луѓе ги изгубија животите, многумина ги изгубија своите најмили. Фудбалот не смее да биде најважен во оваа ситуација. Би сакал да дојдеме до титулата оваа година, но ќе прифатам и ако не се случи тоа. Можеби најчесно е да се поништи првенството. Се надевам дека следната година ќе станеме шампиони“, заврши Мане.

Засега не е познато кога сезоната во Премиер лигата ќе продолжи, додека УЕФА инсистира да се заврши на било кој начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …