Дома Македонски спорт Мак ракомет Манасков: Пресреќен сум, ова е супер резултат!

Манасков: Пресреќен сум, ова е супер резултат!

Македонија вечерва одигра уште еден фантастичен натпревар против актуелниот европски шампион Германија.

После ремито со Германија (25:25) Македонија како првопласирана во групата се пласира во втората фаза каде ќе пренесе 3 бода.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Дејан Манасков и денес одигра одличен меч и не го криеше задоволството.

„Пресреќен сум од она што го направивме овде во Загреб. Први сме во групата, што е супер резултат. Можеше да се случи се на оваа средба. Пред натпреварот Кире рече дека ако некој ни даде бод против Германија ќе потпишеме. Одиме со три бода во втората фаза. Сите одигравме добро во одбрана. Одиме во Вараждин по нови победи и да ги израдуваме нашите фанови“, изјави Манасков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Познат распоредот на СП: Македонија стартува против Унгарија

Вечерва Загреб беше домаќин на ждрепката за Светското првенство во ракомет што од 12 јануа…