Лионел Меси заминува од Барселона колку и да звучи нереално, ова вчера клубот го потврди, а денес Лапорта ја објаснуваше ситуацијата пред новинарите.
Едноставно кажано, Барселона немаше пари да го задржи Меси. Клубот и Меси имале договор, меѓутоа во последен момент Ла Лига не дозволила Барса го плаќа Меси две години, а за останатите три од петгодишниот дополнително да се договорат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во јавноста се појавија најави дека навивачите ги чека нов шок затоа што клубот не може да ги регистрира Депај и Агуеро, сепак Лапорта тврди дека тоа во овој момент не е проблем.
„Сега кога го нема договорот на Меси во буџетот на плати Депај и Агуеро не се проблем“, одговори првиот човек на Барселона на новинарското прашање.