Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини откри дека двете ѕвезди од тимот се блиску до потпишување нов договор.
Малдини потврди дека е постигнат договор со Бенасер, кој наскоро ќе стави потпис на нов договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ќе го комплетираме новиот договор со Исмаел Бенансер. Потписот ќе биде во следните 24 или 36 часа“, изјави Малдини.
Кога станува збор за Леао, Малдини потврди дека преговорите се интензивни и дека двете страни се на иста бранова должина.
„Во преговори сме да го продолжиме договорот на Леао. Ќе се обидеме да ја завршиме работата, изгледа дека сега двете страни сме на иста бранова должина. Ние сакаме да го задржиме, тој сака да остане“, додаде Малдини.