Италијанските медиуми пренесуваат дека директорот на Милан, Паоло Малдини ќе има средба со супер-агентот Жорге Мендеш.
Главна тема на разговор ќе биде новиот договор на Леао, па Милан се надева дека наскоро ќе постигне конечен договор за продолжување на соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, „Калчомеркато“ открива дека Малдини и Мендеш ќе разговараат за уште тројца други фудбалери. Првиот е Марко Асенсио, кој е на излазна врата од Реал Мадрид и на лето ќе биде слободен агент.
Милан е заинтересиран уште за дефанзивецот на Барселона, Кеита Балде кој се уште го нема продолжено договорот со каталонскиот гигант.
Последното име кое Мендеш му го предложил на Милан е играчот за врска на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте, кој игра одлично оваа сезона.