Директорот на Милан, Паоло Малдини зборуваше за ситуацијата со Златан Ибрахимовиќ и наговести дека може да го продолжи договорот.
Ибра веќе има полни 40 години, но Малдини тврди дека тој сака да продолжи да игра уште една сезона, а Милан е спремен да му понуди нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Разговараме со Златан. Неговиот план е да продолжи уште една сезона, а Ибрахимовиќ никогаш нема да биде товар за нас, се зависи само од него“, истакна Малдини.
„Во моментов, повредите го ограничуваат Златан. Засега не размислуваме на неговиот договор. Секогаш имаме отворен разговор со него. Ќе видиме што ќе одлучи, тој е многу важен за нас и надвор од теренот“, додаде Малдини.