Дома Топ вести Малдини го сака дефанзивецот на Ајнтрахт

Малдини го сака дефанзивецот на Ајнтрахт

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.

„Росонерите“ се во потрага по дефанзивец кој ќе може да биде алтернатива за Томори и Французинот е на врвот на листата желби.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.

Неговиот договор со германскиот клуб истекува следното лето, па поради тоа Ајнтрахт е спремен да го продаде.

Медиумите тврдат дека Милан и Ајнтрахт се во напредни преговори и дека може да го договорат трансферот за 15 милиони евра. Французинот веќе имал разговор со Малдини и дал „зелено светло“ за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се појави нов фаворит за клупата на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка. Се п…