Дома Фудбал Италија Малдини го победи коронавирусот

Малдини го победи коронавирусот

Легендарниот фудбалер на Милан, Паоло Малдини ја доби битката со коронавирусот исто како и неговиот син Даниел, пренесуваат италијанските медиуми.

Минатата недела Даниел потврди дека е излекуван, а сега доаѓа информација дека коронавирусот го победил и Паоло Малдини.

И двајцата беа позитивни на КОВИД-19 минатиот месец и заедно се наоѓаа во домашен карантин.  Даниел, кој е дел од младинските категории на Милан наскоро ќе започне со индивидуални тренинзи.

Паоло Малдини пак е технички директор во Милан и од денес се враќа на работните обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед не планира да го продаде Сешко и покрај интересот од Барселона и Јувентус

Манчестер Јунајтед има јасна намера да го задржи Бенџамин Сешко, и покрај интересот од Бар…