Утре во Абу Даби Кабиб ќе ја брани титулата шампион во УФЦ во лесна категорија против Џастин Гатје.
Пред УФЦ 254 евентот одржано беше и официјалното мерење и секако сите очи беа вперени кон Кабиб и Џастин. На крајот и двајцата го поминаа мерњето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Малку драма имаше околу Кабиб. Тој излезе со пешкир за да се мери целосно гол, вагата ја покажа дозволената граница и ќе биде спремен за борбата.
Веднаш откако вагата ја покажа тежината која одговара Кабиб се фати за глава бидејќи во минатото често пати имаше проблеми со намалувањето килограми.
УФЦ евентот започнува утре во 20:00 часот, а борбата помеѓу Кабиб и Гатје се очекува да биде некаде пред полноќ.