Дома Топ вести Малага го доби андалузиското дерби

Малага го доби андалузиското дерби

Екипата на Малага ја победи Севиља со 4-2 андалузиското дерби натпревар со кој беше комплетирано 35.коло на шпанската Примера.

Стрелци на головите за домачините беа: Пабло Форналас (38.минута), Сандро РАмирез (51), Диего Љоренте (77) и Хуан Карлос (89). Двата гола за гостите ги постигна Италијанецот, Франциско Васкез (30 и 57).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По овој пораз Севиља остана на три бода помалку од трето пласираниот Атлетико Мадрид, но и само на пет повеќе од Виљареал кој се надева на четвртата позиција на табелата која носи пласман во квалификациите за Лигата на шампиони.

Малага направи скок од две позиции и сега е четиринаесета со 42 бодови.

До крајот на првенството во Шпанија остануваат уште три кола.

Табела: Барселона 81 бодови, Реал Мадрид 81 (-1 натпревар помалку), Атлетико Мадрид 71, Севиља 68, Виљареал 63, Атлетик Билбао 62, Сосиедад 61.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Братот на Јокиќ во проблем: Полицијата отвори истрага

Кошаркарите на Денвер беа подобри од Лос Анџелес Лејкерс во нивниот втор меѓусебен натпрев…